Тенис
7. November 2022 - 16:45

Сабаленка и Гарсија во финалето на завршниот турнир во Форт Ворт

Кај дамите денеска нема рангирање, бидејќи во Форт Ворт, САД, се игра завршниот Мастерс, на кој останува само уште финалниот меч. 
 
А, во него ќе играат Арина Сабаленка и Каролин Гарсија. 
 
Ова е епилогот по одиграните полуфинални мечеви во кои Сабаленка направи изненадување, совладувајќи ја најдобрата тенисерка во моментов Ига Швјонтек со 2-1, додека нејзината противничка во финалето Гарсија во два сета беше подобра од Марија Сикари.
 
Финалниот меч меѓу Сабаленка и Гарсија ќе се игра во 3 часот по полноќ