Кошарка
12. December 2017 - 21:10

Рутинска победа на МЗТ Скопје на гостувањето кај Кожув

 
 
 Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром забележаа очекувана победа на гостувањето кај Кожув во последниот меч од 9.коло на Првата македонска лига. 
 
На средбата одиграна попладнево во Гевгелија, МЗТ Скопја убедливо го совлада Кожув со 80:52 по четвртни 22-9, 18-11, 26-16 и 14-16.
 
Новиот тренер Лукајиќ им даде шанса на сите кошаркари, а тие, до последен, се запишаа во листата на стрелци. Најефикасен беше 
Јуре Лалиќ со 14 поени , додека Марко Симоновски и Ѓорѓе Мајсторовиќ постигна по 10 поени. 
 
За аеродромци ова беше шеста победа во деветиот меч во домашното првенство, по која шампионот се врати на третото место на табелата со 15 бодови, зад непоразениот Работнички кој има максимални 18 и екипата на Блокотехна која досега собра 17 бодови. 
 
Во следното коло МЗТ Скопје го пречекува составот на АВ Охрид, додека Кожув ќе игра против Пелистер