Руте: Само Трамп може да го надмине ќорсокакот во војната во Украина

Постои само еден човек во целиот свет што може да го надмине ќорсокакот кога станува збор за војната во Украина, а тоа е американскиот претседател Доналд Трамп и тој го прави тоа, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на прес-конференцијата по завршувањето на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на Алијансата.
– Тоа е од клучно значење, бидејќи САД се далеку најголемиот сојузник во НАТО и најмоќна земја на светот. Но, постигнувањето на мирот не е права линија. Потребен е предлог на масата, дискусии. Тоа е пристап чекор по чекор, рече Руте.
Од тие причини, како што рече, тој не би сакал да му наштети на мировниот процес со давање коментари на секој меѓучекор во него, но нагласи дека НАТО е во постојан контакт со САД, со кои споделуваат иста цел за обезбедување мир и за заштита на суверенитетот на Украина.
Сепак, според Руте, иако сите сакаат крвопролевањето да заврши, додека преговорите продолжуваат, НАТО не смее да биде се поколеба во својата посветеност за поддршка на Украина.
– Нашата поддршка мора да продолжи со несмалена сила за да ѝ помогнеме на Украина да се одбрани денес и да спречи идни агресии, за нејзино добро и за наше добро, истакна Руте.
Тој потенцира дека Украина продолжува да покажува неверојатна отпорност, дури и кога рускиот претседател Владимир Путин верува дека може да успее, а дека дискусиите на денешниот состанок биле уште еден јасен знак дека тој греши. Руте истакна дека во моментов е клучно е да се осигури оти Украина го има оружјето што ѝ е потребно за да се бори во војната.
– Русија ја продолжува својата брутална војна против Украина, сè повеќе таргетирајќи ги нејзините луѓе и критичната инфраструктура како што се приближува зимата. Русија, исто така, демонстрира сè понеодговорно однесување кога станува збор за НАТО, како што е нарушување на нашиот воздушен простор, спроведување кибернапади и распоредување сателити за мапирање на подводната инфраструктура на сојузниците. Овие инциденти ја истакнаа потребата од непоколеблива будност, рече Руте,
Според него, токму затоа членките на НАТО значително се засилуваат, но треба да направат уште повеќе во иднина.
– Сојузниците во НАТО разговараа за повеќе вложувања, за зголемување на инвестициите во одбраната, за подобрување на производството и за зголемување на поддршката за Украина, додека се подготвуваме за следниот Самитот во Анкара следната година, рече Руте.
Во врска со распределбата на товарот околу поддршката на Украина, Руте рече дека ги разбира приговорите на северните земји околу ова прашање, но нагласи дека, останале уште мал членки на НАТО кои сè уште не се обврзале дека ќе учествуваат во доставувањето воена помош за Киев.
– Речиси две третини од членките дадоа ветувања и само уште неколку држави сè уште не искажале посветеност на процесот. Тоа е добра вест. Во моментов посветеноста на распределбата на товарот е многу поголема отколку што беше пред шест недели, рече Руте.
Според него, ова претставува јасна порака до Путин дека НАТО не се повлекува. – Сето ова врши притисок врз Русите и ние ќе продолжиме да го правиме тоа, додаде тој.
На прашање дали сите членки на Пактот остануваат на ставот дека Русија е главна закана за безбедноста на Алијансата, Руте рече дека тоа е стратешки концепт на НАТО и дека нема причина да се дебатите во врска со тоа, бидејќи и сите мерки што се имплементираат се целосно во согласност со ваквиот пристап и стратегија.
– НАТО е одбранбен сојуз и ќе остане одбранбен сојуз. Но, немојте да се залажувате. Подготвени сме и спремни сме да направиме што е потребно за да ги заштитиме нашите една милијарда луѓе и да ја гарантираме безбедноста на нашата територија, порача Руте.
МИА
Ново на Сител
-

Пет лица под лупа на ДКСК поради истовремено извршување повеќе функции
-

Се е подготвено за вечерашниот старт на Пиво фест, ќе трае до недела, се очекуваат гости од цела Македонија
-

Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
