Руте: Кој нема да се интегрира треба да си замине од Холандија
Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека тој што нема да се интегрира треба да си замине од Холандија, пренесоа американските медиуми.
„Треба активно да ги браниме нашите вредности од луѓето кои не сакаат да се интегрираат“, наведува Руте во пораката објавена во неколку национални весници, во обид избирачите да ги отргне од влијанието на холандскиот политичар и противник на имиграцијата Герт Вилдерс.
На 15 март во Холандија ќе се оддржат парламентарни избори.
Иако премиерот никаде не го споменува Вилдерс или неговата Партија на слободата, јасно се гледа дека неговата порака е насочена кон оние избирачи кои ја поддржуваат цврстата платформа на Вилдерс, забележуваат американските медиуми.
Руте, кој е лидер на десноцентристичката Народна партија за слобода и демократија, наведува дека има разбирање кон повиците дека тој што нема да се интегрира, треба да ја напушти Холандија.
„И јас го делам тоа мислење. Држи се нормално или замини си“, посочува тој.
Вилдерс на Твитер реагираше на оваа изјава, нарекувајќи го Руте „човек на отворените граници, на цунамито од кандидати за азил, масовната имиграција, исламизацијата, лагите и заблудите“.
Ново на Сител
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот