Македонија
16. August 2019 - 13:53

Рустеми: Немав притисоци каков исказ да дадам во обвинителството

Обвинителот од СЈО Бурим Рустеми по исказот даден во Обвинителството за гонење орг криминал и корупција изјави дека немал притисоци за тоа што да каже пред обвинителката Русковска.

Непрецизно одговори за состанокот кој се одржал во понеделникот во СЈО меѓу обвинителите, нарекувајќи го "кафе пиење".

Тој изјави дека се што знаел за случајот „Рекет“ го кажал во обвинителството но не може да открива детали.

Зоран Јаневски