Македонија
28. January 2020 - 10:48

Рустеми: Јанева побара да одмрзнам имот од случајот „Поштенска банка“

Обвинителот од поранешното СЈО, Бурим Рустеми кој денеска сведочи за "Рекет", пред судот изјави дека по барање на Катица Јанева "одмрзнал" стан во Скопје кој бил сопственост на осомничениот бизнисмен Томе Главчев, во случајот Поштенска банка. Му кажала дека има сознанија оти станот бил веќе продаден па само би се нанела штета.

Во своето сведочење Обвинителот Рустеми откри дека Јанева од него побарала и враќање на пасошот на Главчев со гаранција во машини за шиење кошули чија вредност изнесувала 1 милион евра. И овој предлог на Јанева го прифатил Обвинителот Рустеми.

И тој го потврди состанокот на кој Јанева од него и обвинителката Лиле Стефанова било побарано да се плати штетата во Империја и Поштенска банка и осомничените да не одат во затвор.

Рустеми не се посомневал каква позадина има таквото барање, рече дека тоа најверојатно се случило по начелото правно мислење на Врховниот суд.

 

Зоран Јаневски