Русковска: Хуманитарната "Меѓународен сојуз" е резултат на девијантен криминален ум
Со воведни зборови на Обвинителството и одбраната денеска почна судењето за случајот Меѓународен сојуз во кој се обвинети Бојан Јовановски, Фросина Ременски, таткото на Јовановски и уште две лица од хуманитарната организација.
Според обвинителката Русковска, формирањето хуманитарна организација е нешто за гордеење ама ако таа се темели на лага и убедувања е врв на девијантен криминален ум. Обвинителката наведе дека поседува докази од кои ќе се покаже дека Јовановски измамил двајца бизнисмени од кои наплатил скоро еден милион евра за изградба на старски домови. Русковска додаде дека во измамата помагала и Потпретседателката на СДСМ и Потпретседател на Собранието Фросина Ременски која со својот углед и авторитет го поддржувала Јовановски на средбите со двајцата бизнисмени.
Русковска наведе дека по кратко време откако бизнисмените ги уплатиле парите, речиси половина од сумата биле префрлени на сметката на телевизијата на Јовановски.
Петтемина обвинети рекоа дека не чуствуваат вина за делата кои се обвинети.
Инаку пред почетокот на судењето, Русковска го информираше судот дека барањето за нејзино изземање побарано од обвинетите Ременски и Јовановски, не е прифатено од Државниот обвинител.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Мицкоски: Расте бројот на странски туристи во вториот квартал
-
УНИЦЕФ: Младите ќе ја водат локалната акција и ќе влијаат на глобалните климатски одлуки
-
Се урна авион на Ер Индија со повеќе од 240 патници
-
Мицкоски: Со новиот закон ќе се намали бројот на автомат-клубови за игри на среќа
-
ИЈЗ за Денот против злоупотреба на детскиот труд: Детството не смее да биде жртвувано за профит, сиромаштија или негрижа
-
Њујорк тајмс: Израел се подготвува да го нападне Иран
-
Данска воведе задолжителна воена служба за жените
-
НБ: Прва средба меѓу гувернерот Славески и претставникот на ЕИБ во нашата земја – зајакнување на партнерството