Руското Министерство за одбрана објави снимка од употреба на борбени хеликоптери на руските вооружени сили на територијата на Украина | ВИДЕО
На рускиот ТВ Канал Ѕвезда, Руското Министерство за одбрана објави снимка од употреба на борбени хеликоптери на руските вооружени сили на територијата на Украина за време на специјална операција. Видеото ја демонстрира борбената операција на опремата со резултатите од удирањето цели. Дополнително, судејќи според снимката, како резултат на работата на воениот персонал значително е оштетена непријателската воена опрема.
На видеото се гледаат и снимки од екранот на операторот на оружјето на нападните хеликоптери.
Официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков изјави дека шест колони оклопни возила на украинските вооружени сили биле погодени од тактички авиони на руските воздушни сили. Исто така, уште 110 украински војници доброволно го положиле оружјето во изминатите 24 часа.
Во четврток, на 24 февруари, претседателот на Русија најави специјална операција за заштита на Донбас. Според шефот на руската држава, Москва врши денацификација и демилитаризација на Украина. Во исто време, Министерството за одбрана на Руската Федерација извести дека нема закана за локалните жители.
Ново на Сител
-
Проширена истрагата и за родителите на Васил – судиите од Кривичен застанаа зад својата колешка
-
Поништен солидарниот данок
-
Од денеска повторно во функција железничката линија Куманово-Скопје, ќе се патува за 41 минута
-
Што (не) треба да содржи новата потрошувачка кошница?
-
Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
-
Промоција на нови судии и јавни обвинители, IX генерација чека одлука
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина