Рускоска не знае каде е Јанева, двајца обвинители од СЈО побарале да дадат исказ
Обвинителката Вилма Рускоска не знае каде е специјалната обвинителка Катица Јанева, која на почетокот на неделава си поднесе неотповиклива оставка, а неколку часа подоцна беше отворена истрагата за случајот „Рекет“, во кои се осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милески.
Рускоска во интервју за емисијата Код вели дека Јанева не била под ПИ мерки и оти таа лично не верува дека избегала од државава. Тука имала живот и семејство и не верува дека би го сторила тоа обвинителката, која еден ден по оставката, од 16 јули е официјално на боледување.
Двајца обвинители од СЈО стапиле во контакт со Рускоска. Таа појасни дека тие прашувале дали треба да дојдат во Обвинителството да дадат исказ.
Телефонот на Јанева е конфискуван заради истрагата, но се појавија информации дека таа имала и друг телефон, а Рускоска вели дека додека не се утврди каде е вториот телефон не може да шпекулира за тоа.
За рекетираниот бизнисмен вели дал пари за да биде олеснета постапката против него. Боки 13 и Миле Кичеец зеле 1,5 милиони евра, засега неофицијално од бизнисменот Орце Камчев, прво зеле 500 илјади евра, стигнале до 1,5 милиони, а целта им била осум милиони евра.
-Парите се дадени заради олеснување на постапката, вели Рускоска за Код, додавајќи дека случајот кај неа го пријавил лично премиерот Зоран Заев.
Тој имал средба со Русковска и јавниот обвинител Љубомир Јовески меѓу двата круга од претседателските избори заради некои одлуки за екстрадиција и на крајот од состанокот им кажал дека сака да пријави кривично дело рекет.
-Премиерот ми рече дека до него има доставено пријави и се одлучивме да почнеме од сведокот, рече Рускоска без да споменува имиња.
Сведокот дошол лично во Обвинителството и го пријавил рекетирањето.
Истрагата за Боки 13 и Миле Кичеец е отворена во мај со сите снимени средби, а Рускоска вели дека засега немаат докази дека имало уцени со снимки од бомбите.
-Немаме доказ дека со снимки кои ги поседува СЈО се уценувани бизнисмени, што не значи дека во натамошниот тек на истрагата нема да дојдеме до такви докази, вели Русковска.
Во однос на тоа на кого се однесуваат псевдонимите Кики и Фрики, Рускоска рече дека сведокот не споменувал политичари.
Нагласи дека се сослушувале и други бизнисмени кои можеби биле цел на рекетот.
-И во предистрагата и во истрагата се испитуваат и други лица, односно сведоци кои дале или одбиле да дадат пари на тие кои им барале. Како обвинителство се залагаме како доказ да не бидат земени само изјави на поединци, бараме и дополнителни докази, истакна Рускоска.
Ново на Сител
-
Музичари и познати личности се збогуваат со загинатите од бендот „ДНК“
-
ЕХФ го одби одложување на Словенија - Македонија, навивачите ќе оддат почит на загинатите во Кочани
-
Владата по трагедијата во Кочани донесе неколку важни одлуки
-
Тошковски: Осомничени над 20 лица, 15 се во полициска станица
-
Дваесет и седум пациенти се транспортираат во болници во соседните држави
-
Сара Пројковска која беше придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани
-
Меѓу загинатите е и гитаристот на ДНК: „Што сака нека биде“ беше песната кога започнал хоророт
-
Директорот на Центарот за култура Штип и клавијатурист на „ДНК“ меѓу починатите во Кочани