-->
-->
Рускоска: Ќе покренам финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во куќен притвор
-->
Обвинителката Вилма Рускоска најави дека ќе покрене финансиска истрага за судиите кои донесоа одлука за куќен притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.
– Не знам кои се судиите. Чекам да го добијам решението, но ќе покренам финансиска истрага, изјави вечерва Рускоска за МИА.
Јанева попладнево ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор откако скопскиот Апелациски суд донесе одлука со која ја уважи жалбата на Јанева и и одреди мерка куќен притвор.
Јанева беше уапсена како осомничена за случајот „Рекет“ на 21 август по што судот и одреди мерка притвор. На 3 декември е закажано првото судско рочиште за случајот „Рекет“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата