Рускоска: Чест е да го водам новото ЈО, но прерано е за честитики
Јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Рускоска вели дека е чест што е предложена да го води новото Јавното обвинителство за организиран криминал и висока корупција, но смета дека е премногу рано за честитики.
– Чест е во секој случај за кој било обвинител, така и за мене тоа што го предложи премиерот, но мислам дека е премногу рано и за честитки и за што било друго затоа што сепак тоа е Предлог-закон кој треба да оди во собраниска процедура. Може да има многу амандмани и не знаеме конечната верзија на тој закон како ќе излезе од Собранието, вели Рускоска во интервју за емисијата „Код“ што ќе се емитува во неделното издание, дел од кое беше пренесено вечерва во дневникот на ТВ Телма.
Таа истакнува дека не го чувствува предлогот како награда. – Како може нешто да чуствувате како награда кога ќе имате повеќе работа отколку што сте имале. Мислам дека не може да стане збор за награда, посочува Рускоска.
За тоа дали во новото ЈО би ги вклучила и обвинителите од досегашното СЈО, вели дека и претходно изјавила дека во тоа Обвинителство има многу добри обвинители, многу способни така што со задоволство би соработувала со нив
Ново на Сител
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
