Свет
19. April 2022 - 9:25

Руските сили поставија статуа на Ленин во украинскиот град Хеническ

Русите поставиле статуа на поранешниот советски лидер Владимир Ленин во окупираниот украински град Хеническ, според фотографии објавени на социјалните мрежи.

На покривот на зградата може да се види руското знаме.

Градот Хеническ се наоѓа на Азовското Море во регионот Керсон, северно од границата со Крим. Си-Ен-Ен ја лоцираше и ја потврди автентичноста на фотографиите.

Пред речиси седум години, статуата беше отстранета како дел од „декомунизацијата“.

Оригиналната статуа на Ленин пред зградата на владата беше отстранета на 16 јули 2015 година. Хеническ беше еден од последните градови во регионот во кој имаше статуа на Ленин.

„Орките во регионот Керсон ги продолжуваат своите експерименти со враќање во минатото“, напиша украинскиот претставник од Керсон, Јуриј Соболевски.