Руските дипломати кои беа протерани од САД, ќе бидат вратени во Москва со претседателски авион
Руските дипломати кои беа прогласени за „персона нон грата“ во САД ќе бидат вратени во Москва со претседателски авион, јави ТАСС.
- За враќањето на руските дипломати и нивните семејства во САД ќе бидат испратени авиони од државниот авио-оператор „Русија“,соопшти администрацијата на руското претседателство.
Претходно, неименуван извор истакна дека, 35 руски дипломати на кои им беше даден рок од 72 часа да ја напуштат територијата на САД, имаат тешкотии при купувањето на авионски билети за Русија и дека ќе бидат принудени да отпатуваат од Вашингтон за Њујорк, каде имаат поголеми шанси да најдат билети за Москва.
Дури се очекуваше дека ќе ја поминат новогодишната ноќ во авион.
Синоќа, американскиот претседател во заминување Барак Обама истакна дека како одговор на наводното мешање на Русија во претседателските избори во САД ќе бидат воведени остри санкции за Москва што вклучуваат протерување на 35 руски дипломати.
Ново на Сител
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров
-
Околу 7.600 Сиријци се вратиле од Турција по падот на Асад пред една недела