Руските безбедносни служби спречиле украински напади врз воени бази длабоко на руска територија

Руската Федералната служба за безбедност (ФСС) денеска соопшти дека спречила серија планирани украински напади со беспилотни летала врз две руски воени воздухопловни бази длабоко во територијата на земјата.
Според соопштението на руската служба за безбедност, украинските разузнавачки структури наводно планирале напади врз воздухопловната база „Украинка“ во далечниот исток на Русија, во Амурската област, како и врз базата „Шагол“ во Чељабинската област.
Во соопштението се наведува дека се уапсени лица осомничени дека требало да ги извршат нападите, како и нивни наводни соработници.
ФСС тврди дека украинските служби користеле балони и беспилотни летала за да достават контејнери со дронови во Брјанската област, од каде тие потоа биле транспортирани кон воените бази „Украинка“ и „Шагол“.
Украина минатата година спроведе операција наречена „Пајажина“, при која беа извршени масовни напади со дронови врз руски воени аеродроми. Според американски разузнавачки податоци, во операцијата биле уништени десет руски воени авиони.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
