Руските авиони уништија нафтени постројки во Сирија

Руските воздушни сили во последните два дена изведоа 141 напади врз 472 мети на терористите во Сирија, при што се уништени најголемите складишта за нафта и нафтената рафинерија во Рака, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана генерал-мајор Игор Конашенков.
Тој додаде дека џихадистите претрпеле големи загуби и оти голем број од нив дезертираат.
Конашенков наведе дека се уништени и резервоари за нафта во пустината во Ал Махимира, како и постројките во провинциите Алепо, Дамаск, Идлиб, Латакија, Хама, Хомс, Рака и Деир ал Зур. Уништувањето на тие постројки е од големо значење бидејќи се главни извори за финансирање на терористите.
- За пет дена уништени се илјада танкери со кои ИД превезувале сирова нафта. Поголема група ги напушти своите позиции и покрај заканите од своите команданти и ги фрлаа униформите на ИД, симболите и амблемите обидувајќи се да се скријат меѓу локалното население, посочи Конашенков.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
-

Рубио: Иран немал противник како Трамп кој е подготвен да преземе конкретни мерки
-

Сиљановска Давкова: Државата јакнее преку националното помирување, да ги надминеме поделбите и да зборуваме во еден глас за прашањата од национален интерес
