Рускиот војник кој уби осуммина колеги вели дека му се заканувале со силување
Руски војник, кој минатиот месец уби осуммина колеги во касарна на истокот од Русија, изјави дека неговиот напад бил одговор на континуирано малтретирање и закани за силување, објави „Москва тајмс“.
Дваесетгодишниот, Рамил Шамсутдинов, беше уапсен на 25 октомври во воената база и обвинет за убиство.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека причината за нападот е нервен слом кој го доживеал војникот, но подоцнежни извештаи укажуваат на наводно малтретирање во единицата во изолираниот град Горни.
„Претпоставените тој ден рекоа дека ќе ме силуваат“, изјавил војникот Шамсутдинов за „База“, а пренесува хрватски „Индекс“.
„Знам дека тоа го правеле и на други пред мене. Немаше излез. Ако таа вечер беше мој ред, што требаше да направам“, додал тој.
Неговиот татко Салимжан Шамсутдинов рече дека имало постојано малтретирање во базата кое ги преминало границите кај неговиот син.
Според него, младиот војник не жали за своите постапки.
Според рускиот портал „База“, се започнало кога неговите претпоставени му го украле мобилниот телефон четири месеци пред пукањето.
Во меѓувреме, лидерот на организацијата „Руски офицери“ изјави дека во војската нема систематско вознемирување и за чинот на Шамсутдинов ги обвини насилните видеоигри.
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, исто така рече дека малтретирањето веќе не е системски проблем во руската војска.
„Нема простор за малтретирање во војската“, категоричен е Шојгу.
Ново на Сител
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“
-
Литија со моштите на Свети Георгиј ја освети Струга
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вице премиер
-
Првиот приватен универзитет во Македонија АУЕ–ФОН одбележува 22 години од основањето
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ
-
Мицкоски: Не смееме да заборавиме – криминалците се шетаа слободно, денеска законот важи за сите
-
„Најголема енергетска инвестиција во последните 10 години“ - Почнува изградбата на интерконекторот со Грција
-
Таравари со една нога надвор од Владата