-->
-->
Рускиот цртан филм „Маша и мечето“ достигна рекордни милијарда прегледи на ЈуТјуб
-->

Рускиот цртан филм за деца за немирното девојче Маша и симпатичното мече стана вистински хит и на ЈуТјуб, откако веќе се најде меѓу 20 видеа што собрале по милијарда прегледи.
Во „клубот на ЈуТјуб милијардери“ се најде 17-та епизода „Маша и мечето“ од вкупно 54 епизоди кои можат да се најдат на ЈуТјуб.
Цртаниот стекна следбеници ширум светот, од Германија и Австралија до САД.
Споменатата епизода од цртаниот стекна статус на 13. најпопуларно видео на ЈуТјуб на сите времиња.
Во клубот на ЈуТјуб милијардери неодамна беше ставено и видеото за песната „Хело“ од Адел, кое оваа титула ја достигна во рекордно кратко време и на тој начин од пиедесталот го симна „Гангам Стајл“ на корејскиот пејач Псај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Митов, доктор
-

Православните христијани во исчекување на Христовото Воскресение
-

Иницијатива за геопарк „Лесново“ под покровителство на УНЕСКО
-

Велигден во Пјаченца: Митрополитот Пимен заедно со македонските верници ќе го обзнани Христовото Воскресение
-

Астронаутите од мисијата ,,Артемис 2" безбедно се вратија на Земјата
-

Почнаа преговорите Вашингтон – Техеран за крај на шестнеделниот конфликт
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години
