Рускиот амбасадор во Атина: Членството во НАТО не може да биде фактор на стабилност
Интеграцијата на уште една земја во НАТО несомнено не може да ја зајакне стабилноста и безбедноста на Балканот, вели рускиот амбасадор во Грција, Андреј Маслов во интервјуто за информативниот портал „Спутник“.
Амбасадорот на Русија објаснува дека тие како постојан член на Советот за безбедност сметаат дека биле прекршени законските јасности во процесот на одобрување на договорот, јави дописничката на МИА од Атина.
Масlов додава дека двете страни стигнаа до договор, најдоа ново име и тоа е прашање што се однесува на двете страни „и се чини како да нема ништо лошо во тоа“.
-Проблемот, сепак е дека процесот на официјализирање на договорот беше со сериозни прекршувања во домашното право на една од земјите. Референдумот за името таму беше неуспешен. И покрај тоа, процесот на ратификација ја игнорираше волјата на најголемиот дел од населението на земјата. Русија како постојан член на Советот за безбедност на ОН – а и името секако е на агендата на Советот за безбедност од 1993 година – го нагласува фактот дека беа прекршени законските јасности на процесите за одобрување договорот. И секако, како што реков, таков забрзан, трескавичен прием на балканска земја во НАТО не може да биде фактор на стабилност, вели Маслов во интервјуто за „Спутник“, пренесе МИА.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови