Руски специјалист за коронавирусот: На пролет нема да има друг бран, ќе се формира доволно ниво на имунитет
Рускиот специјалист за посебно опасната инфекција, докторот за медицински науки Владислав Жемчугов рекол дека на пролет не не очекува нов бран на вирусот корона затоа што до тогаш ќе се формира доволно ниво на имунитет меѓу жителите.
„На пролет нема да има бран од коронавирусот, имуниот слој ќе биде таков што вирусот нема да биде во состојба да помине. Кој ќе се разболува: Нови пациенти. Зошто Кинезите толку се плашат? Затоа што кај нив мал број на луѓе заболеа од корона, а народ има многу“, рекол Жемчугов.
Имунологот истакнал дека падот на бројот на заболени во Русија ќе трае уште две седмици. Како што рекол, ниските температури не се пгодни за вирусот и тој на улица практично не се шири. Жемчугов додал дека врз ситуацијата не влијае дури ни ширењето на британскиот вирус корона.
Докторот на биолошки науки, вирологот Алексеј Аргановски, рекол дека е мала веројатноста студеното време да ја зголеми или намали брзината на ширењето на вирусот, затоа што луѓето најчесто не се заразуваат на отворено.
Ново на Сител
-
Протестен марш на иницијативата ,, Кој е следен"
-
Тема на денот со Виктор Мизо, претседател на Совет на Странски Инвеститори
-
Берзите во зелено, Трамп се сомничи за инсајдерско тргување!
-
Никој на форумот во Делфи не ги оправда царините на Трамп – „Најпогодени ќе бидат Американците“
-
Градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, урнале ѕид на соседната
-
Судски совет ја преиспита одлуката на судијата Ферати
-
Здравствени работници во земјата ќе се едуцираат како да им помогнат во долготрајната рехабилитација на повредените од Кочани
-
Акција: 43 лица осомничени за измами со брзи кредити