Руски комичари му се претставија на Заев како Порошенко и Столтенберг, разговараа за Петро Македонски и Вартоломеј

На ЈуТјуб руските комичари Вован (Владимир Кузенцов) и Лексус (Алексеј Столаров) вчера објавија видео во кое од името на поранешниот украински претседател, Петро Порошенко, разговараат со македонскиот премиер, Зоран Заев.
Комичарите на Заев му зборуваат дека украинските научници ја откриле генетската врска на Порошенко со Александар Македонски, па така, му вели лажниот Прошенко на Заев, „сега можам да се викам Петро Македонски“. Комичарите од името на Порошенко на Заев му нудат помош украинскиот претседател да посредува за МПЦ кај вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Заев со комичарите разговара за надворешната политика – Преспанскиот договор, односите Србија-Косово, Украина, односите со Русија, ЕУ и НАТО.
Во еден разговор тие го вклучуваат и „генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Руските комичари, во минатото лажно претставувајќи се разговарале и со украинскиот претседател Порошенко, британскиот министер Борис Џонсон, турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, францускиот претседател, Емануел Макрон и други јавни личности.
Ново на Сител
-

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си, ги нарече медиумите „расипани“
-

Во Скопје во еден ден пронајдени тројца починати мажи
-

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
