Свет
11. April 2018 - 18:54

Руски генерал: „Хемискиот напад“ во Дума е провокација на Белите шлемови

Хемискиот напад врз цивили во сирискиот град  Дума бил специјално изведен пред видео-камери од страна на претставници на Белите шлемови, изјави денеска во Москва заменик - началникот на Главната оперативна управа на рускикот Генералштаб, генерал Виктор Познихир.

– На 7 април беше преземен веројатно последниот обид за фабрикување лажни сведочења за отровни супстанци кои наводно ги користеле сириските власти во источна Гута. Белите шлемови повторно пред камери имитираа „хемиски напад“ врз цивили во Дума, изјави тој.

Познихир вели дека руските лекари и воени претставници не регистрирале случај на употреба на хемиско оружје во Дума. Тој ги оквалификува како „неодговорни“ тврдењата на претставник на СЗО за 500 затруени со хемиско оружје во Дума. Тоа според него, може да предизвика ескалација на ситуацијата и големи последици.

Познихир додаде дека засега „никој нема информации каде се стационирани тие 500 повредени“.