Руски центар: Акциите на САД кај Ел Танф се „воено злосторство“
Рускиот центар за помирување на спротивставените страни во Сирија денеска ја обвини американската војска и коалицијата која ја предводи, дека не им пружаат помош на бегалците во близина на Ел Танф, на границата на Сирија со Ирак и Јордан. Нивната оценка е дека ваквиот потег може да се оквалификува како „воено злосторство“.
Центарот функционира во рамките на руското Министерство за одбрана.
Според тврдењата на тој Центар, на 29 октомври во близина на кампот „Рукбан“ за внатрешно раселени лица во близина на Ел Танф, претставници на американската војска се обидуваат од редовите на екстремистите од неколку делови на Сирија да формираат нова умерена опозиција. За таквите тврдења, Центарот се повикува на сведочења на локалните жители.
Во таа област наводно избил судир меѓу припадниците на различни фракции на сириски екстремисти и притоа се убиени 13 сириски бегалци и 20 се повредени, вклучувајќи и деца. Центарот тврди дека Американците не им пружиле мадицинска помош, но не наведува детали како тоа точно се случило.
„Таквите потези на американската војска и т.н. меѓународна коалиција претставува флагрантно кршење на меѓународното хуманитарно право и може да се смета за воено злосторство“, се наведува во соопштението на Рускиот центар кој оценува дека тамошната хуманитарна ситуација е критична.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата