Руски бомбардер Су-25 се урна во Приморскиот крај
Руски бомбардер Су-25 се урна во Приморскиот крај, кој се наоѓа на брегот на Јапонското Море, во јужниот дел на рускиот Далачен Исток.
Пилотот успеал да се катапултира и не настрадал, јави ТАСС, повикувајќи се на официјални извори.
Авионот се урна покрај аеродромот Черниговка. Според првичните имнформации можна причина е откажување на работата на моторите.
Министерството за одбрана прецизираше дека авионот, кој имал пробен лет, претрпел хаварија при обидот за слетување.
Според Министерството нема жртви и ранети, ниту на небо, ниту на земја при пад на авионот.
Локалните власти прецизираа дека авионот паднал на територија на населено место во Черниговскиот регион, но не врз станбени згради, туку во градина со зеленчук, при што уништил два стопански објекти, кои се запалиле.
Ново на Сител
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците
-
Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
-
Евакуирани речиси 5800 луѓе поради пукање на брана во Кина
-
Бајден: Само Господ може да ме отстрани од претседателската трка