Руската амбасада во Скопје: Македонија нема побарано од нашите вакцини

Руската амбасада во Скопје известува дека во неколку наврати ја информирала македонската влада за можностите за испорaка на руската вакцина, но македонска страна не покажала интерес за Спутник V.
– Амбасадата на Руската Федерација во повеќе наврати ја известуваше Владата на Република Северна Македонија за можности за соработка во испорака на руската вакцина. На 18 август, пред пет месеци, го информиравме министерот за здравство Венко Филипче, дека доколку е заинтересирана Владата на Северна Македонија, Рускиот фонд за директни инвестиции, кој ги има ексклузивните права за производство и продажба на «Спутник V» во странски земји, може да започне разговори за сите прашања од интерес во однос на вакцината и нејзината набавка, велат од таму за Канал 77.
Исто така и на 25 септември било испратено писмо и до шефот на Националниот комитет за имунизација, професор Александра Грозданова, за подготвеност да се одржи состанок во формат на видео конференција за да се разгледат сите прашања околу вакцината, но Руската амбасада. информира дека до сега немаат добиено одговор на овој предлог.
Од таму соопштуваат дека македонските граѓани можат да добијат пристап до руската вакцина, ако Владата се одлучи за набавка на руската вакцина, а Рускиот фонд за директни инвестиции е подготвен да започне преговори, вклучително и за испорака на вакцината, која „секако ќе биде достапна по најконкуретната цена“.
Ново на Сител
-

Трамп: Ниту една нација во светот не може да го постигне она што Америка го постигна вчера
-

Муцунски: Одговорноста е важна, ние стоиме зад САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија
-

Каде е македонскиот студент на мапа? | Ангела Василевска и Александар Николовски | Sitel Podcast 133
-

Пронајден планинарот по кој се трагаше на Пелистер
-

Пронајден е починат исчезнатиот Македонец Стивен Ивановски
-

ЦУК: Сообраќајки, замрзнати улици, активиран Кризен штаб по падот на температурите
-

Приведен 34-годишник од тетовско, со остар предмет му се заканувал на градоначалникот на Желино
-

УЈП: Во 2025 година во националниот буџет собрани над четири милијарди евра од даноци и социјални придонеси
