Руската академија на науките: Хомеопатијата е опасна по здравјето

Руската академија за науките (РАС) ја означи хомеопатијата како опасна по здравјето и побара од Министерството за здравство да ја стопира употребата на хомеопатски лекови во руските државни болници, јавија руски медиуми.
Комитет на РАС утврди дека некои пациенти ја отфрлаат стандардната медицина во корист на хомеопатските лекови, доведувајќи го својот живот во опасност, пренесува „Москоу тајмс“.
Комитетот исто така предупреди дека некои хомеопатски таблети без лиценца содржат токсични материи.
- Принципите на хомеопатијата се косат со познатите хемиски, физички и биолошки закони, а уверливи научни тестови, со кои би се докажала нивната ефикасност не се достапни, наведува Комитетот на РАС во својот извештај.
Заклучокот на РАС ги зголеми критиките против хомеопатската медицина во Русија. Минатиот месец студентите од Првиот московски државен универзитет поднесоа петиција за забрана за учење за хомеопатските принципи во медицинските училишта.
Исто така Руската федерална царинска служба воведе во ноември 2106 година нови прописи, принудувајќи ги произведувачите да ја докажат делотворноста на секој хомеопатски производ, кој сакаат да го продадат.
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
