Руска телевизија прикажа за колку секунди ракетата Сармат може да стигне до Берлин, Париз и Лондон
– На телевизијата Русија 1 водителката на емисијата „60 минути“ Олга Скабејева и пратеникот во Думата, Алексеј Журављов синоќа разговараа за колку секунди интерконтиненталната балистичка ракета Сармат може да стигне до главните градови на земјите кои ја снабдуваат Украина со оружје.
– Еден Сармат и тоа е тоа, британскиот остров постоше, британскиот остров повеќе не постои, истакна Журављов.
Додека Скабајева истакна дека на ракетата Сармат истрелана од Калининград за 106 секунди може да стигне до Берлин, до Париз за 200 секунди, а до Лондон 202 секунди. Беше прикажана и графика – „Време на лет на ракетите РС-28 Сармат до главните градови на земјите кои ја снабдуваат Украина со најмногу оружје“.
Сармат е нова тешка интерконтинентална балистичка ракета и се очекува Русија секоја од нив да ја опреми секоја со десет или повеќе боеви глави. Русија неодамна успешно ја тестираше ракета Сармат, која во НАТО круговите е позната како прекар Сатана 2 или Синот на сатаната.
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица