Руска бомба погоди станбена зграда во Харков
Руска наведувана бомба доцна синоќа погоди петкатна станбена зграда во Харков, предизвикувајќи пожари и ранувајќи најмалку 10 лица, соопштија локалните власти.
Претседателот Володимир Зеленски рече дека тоа е последен во долгата низа напади врз градот и ја нагласи потребата за поголема помош од западните поддржувачи на Украина.
-За да ги запре руските напади, Украина мора да добие доволна помош од светските партнери, рече тој.
Регионалниот гувернер на Харков, Олех Синиехубов изјави дека бомбата паднала меѓу третиот и четвртиот кат на зградата и дека неколку ката се уништени. -Во тек е претрес стан по стан.
Луѓето би можеле да бидат под урнатините, рече Синиехубов во видеото објавено на интернет. Градоначалникот на Харков, Ихор Тереков изјави дека се повредени 10 лица, меѓу кои и тригодишно дете.
Тој рече дека наведуваните бомби погодиле две населби во градот. мс/фото: Принтскрин „Х“ .
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата