Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк

Руската војска вчера го информираше претседателот Владимир Путин дека ја презела контролата врз Костјантинивка во источна Украина, клучното место што Москва долго време го посакуваше во своето напредување низ Донецк.
Во споделените видеа, Путин ја посетува командата и го фали наводното освојување на градот како важно стратешко достигнување.
„Сите знаеме дека овој град е клучен сообраќаен и голем индустриски центар на Донбас“, вели Путин.
Исто така, се наведува дека руските сили мора да ги прошират безбедносните зони како одговор на засилените украински напади со долг дострел, главно насочени против руската нафтена индустрија, пишуваат британските медиуми.
Украина сè уште не го коментирала руското тврдење за освојувањето на Костјантинивка.
Наводното освојување го објави генерал Валериј Герасимов, началник на рускиот Генералштаб.
Тој рече дека силите на јужната група спроведуваат офанзивни операции за „ослободување“ на целиот Донецк, дел од поширокиот регион Донбас над кој Русија вети дека ќе обезбеди контрола како клучна цел на своите воени напори.
„Војниците на оваа група го ослободија градот Костјантинивка, еден од главните одбранбени центри на непријателот во рамките на утврдената област Славјанск-Краматорск-Костјантинивка“, рече генералот.
Руската војска веќе некое време тврди дека нејзините војници контролираат делови од тој град, еден од неколкуте што сочинуваат мрежа од клучни утврдувања во украинската одбрана на регионот.
Руското Министерство за одбрана објави фотографии на апликацијата Телеграм за кои тврди дека прикажуваат сцени од Костјантинивка, вклучувајќи слики од руски војници кои држат знамиња покрај уништени згради.
Герасимов, исто така, го информираше Путин дека руските сили се приближуваат кон Лиман, град на околу 70 км северно, за кој рече дека е „од клучно логистичко и стратешко значење за понатамошен напредок во таа насока“.
Командантот на руските северни трупи, Евгениј Никифоров, рече дека неговите сили „сè уште не успеале целосно во својата задача“ да спречат украински напади со беспилотни летала насочени кон нафтени постројки и да предизвикаат недостиг на гориво во Русија.
„Колку повеќе напади непријателот се обидува да изврши врз нашите цивилни објекти... толку поголема безбедносна зона ќе мора да воспоставиме на соседната територија“, одговори Путин.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и други функционери тврдат дека рускиот напредок во источна Украина значително се забавил од почетокот на годината, а дека силите на Киев дури и вратиле дел од територијата.
Ново на Сител
-

Променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер
-

УХМР: Во вчерашното невреме на повеќе локации во државата беа регистрирани оркански удари на ветер
-

Мицкоски за штетите од невремето: Имаме механизми за помош, никогаш не сме ги оставиле граѓаните да се снаоѓаат сами
-

Над 30 повредени во силното невреме што вчера го зафати Скопје
-

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години
-

Рокас: Покажавте капацитет за спроведување на реформите, владеењето на правото клучен предуслов за успешна евроинтеграција
-

Сали: Евроинтеграцијата бара заедничка одговорност и консензус, политичките разлики не треба да ги блокираат реформите и придобивките за граѓаните
-

Ангелов: Природата е најголемиот контролор на изграденото од човекот
