Живот
30. October 2018 - 13:38

Русите тоа го прават без милост: ФСБ разби терористичка келија, џихадистите само креваа раце и паѓаа на под

Во Татарстан е откриена тајна терористичка келија која ги кооридинирала своите активности со Исламската држава, а 18 нејзини припадници се уапсени, се наведува во соопштението на Федералната служба за безбедност на Русија.

Како што е соопштени, во соработка со единциите на МВР и Руската гарда во рамки на специјалнта операција изведена во Татарстан, ФСБ на Русија ја прекина дејноста на тајната терористичка келија со која во странство раководеле поглаварите на меѓународната терористичка организација ДАЕШ (Исламска држава).

„Во текот на заплената на оружје во склад во градот Набережние Челни уапсен е еден член од групата. Истовреме се уапсени уште шест членови на групата и 11 граѓани кои биле под влијание на терористите. Во текот на претресот на 18 адреси се одземени огнено оружје, муниција, екстремистичка литература и ознаките ДАЕШ“, се наведува во соопштението.