-->
-->
Русите објавија ВИДЕО од Украинката за која тврдат дека ја уби ќерката на Дугин
-->
Руските новински агенции објавија кој стој зад смрта на Дарја Дугина, ќерката на рускиот филозоф и идеолог на Кремљ Александар Дугин
Дарја Дугина загина кога експлозивна направа го разнела автомобилот Toyota Land Cruiser што го возела. Се верува дека вистинската мета бил самиот Дугин, филозоф со големо влијание врз Кремљ, а Украина негираше дека стои зад експлозијата.
ФСБ објави дека зад убиството стои Украинката Наталија Вовк, родена 1979 година. Објавија и видео за кое тврдат дека се гледа како Наталија Вовк ја преминува руската граница, влегува во зградата во која живеела Дарја Дугина и заминува за Естонија.
Руската служба тврди дека жената и нејзината ќерка пристигнале во Русија во јули. Тие изнајмиле стан во истиот станбен комплекс во кој живее Дугина и го истражувале нејзиниот начин на живот, се вели во соопштението на ФСБ.
Во саботата вечерта напаѓачот присуствувал на настан во околината на Москва на кој учествувале Дугина и нејзиниот татко, пред да изврши „контролирана експлозија“ на автомобилот и да побегне во Естонија.
Тврдат дека во Русија влегла со Mini Cooper со регистерски таблички на НР Доњецк, а потоа ги сменила за казахстански. Кога се враќала во Украина, ставила, како што тврдат, украински таблички. Тврдат дека сега е во Естонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стејт департмент: Северна Македонија успешно се справила со терористичките закани во 2023 година
-
Најстарата дива птица во светот на 74 години си најде партнер
-
Нови правила на „Евровизија“
-
Како се постигнува автентична харизма?
-
АЕК планира приходи од 572.550.000 денари, од кои 460 милиони од надомест за користење радиофрекфенции
-
Историјатот на носењето брачен прстен
-
Австралијци казнети за лажирање рак кај своето дете
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ на 5 мали дечиња од Кичево, татко им починал во сон, мајката ги напуштила