Русија врати седум украински деца со посредство на Катар
Русија врати седум деца на Украина со посредство на Катар, јавува ТАСС. Катар неколкупати досега посредуваше меѓу Русија и Украина за враќање на украински деца од почетокот на војната.
Собирот на неколку семејства се одржало во катарската амбасада во Москва, со присуство на катарскиот амбасадор Ахмед бин Насер бин Џасем ал Тани и рускиот претседателски пратеник за правата на децата, Марија Лвова-Белова.
– Катар посветува големо внимание на хуманитарните активности и тие ќе продолжат, изјави амбасадорот.
Според Лвова-Белова, поголемиот дел од децата живееле во Русија со блиски роднини, најчесто баби и дедовци.
Едно 16-годишно момче, кое било без родителска грижа од раѓање, било сместено во дом за сираци и сега ќе биде под грижа на својот брат.
ТАСС посочува дека вкупно 15 деца од 10 семејства се вратени кај своите роднини во Русија, додека 87 деца од 69 семејства се вратени во Украина или трети земји.
Ново на Сител
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас