Русија, Турција и Иран планираат да ја поделат Сирија на зони на влијание

Спогодбата за Сирија, врз која во моментов работат Русија, Турција и Иран, предвидува Сирија неофицијално да се подели на зони на влијание, а претседателот Башар ал-Асад да остане на функцијата уште неколку години, изјавија извори цитирани од британските медиуми.
Ваквата спогоаба ќе дозволи регионална автономија во рамки на федералната структура под контрола на алавитската фракција, кон која припаѓа и Асад, пренесува БТА.
Договорот е се уште во почетна фаза на разработка, може да претрпи измени и да биде неопходно да биде одобрен од Асад и бунтовниците, а во крајна линија, исто така, и од државите од Заливот и САД, наведуваат изворите.
- Има придвижување кон компромис, изјави Андреј Кортунов, шеф на истражувачкиот институт „Руски совет за меѓународни прашања“, што е близок до руското Министерството за надворешни работи.
Според Кортунов, „ќе биде тешко да се постигне конечен договор, но позициите се менуваат“.
Според изворите, разработката на спогодбата предвидува ограничување на надлежностите на Асад.
Русија и Турција се подготвени да му дозволат да остане на власт до следните претседателски избори, по кои ќе треба да се повлече од власта во корист на некој не толку многу поларизиран алавитски кандидат.
Останува и Иран да се убеди во тоа.
Во секој случај, меѓутоа, се предвидува Асад да си замине со зачувана репутација, а треба да добие и гаранции за себе и своето семејство.
Ново на Сител
-

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД
-

ТИТАН Усје тврди дека работи законски
-

Ким Џонг Ун посети градилиште за подморници на нуклеарен погон
-

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против донесен Буџетот на Град Скопје, следува преродба на градот
-

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик
-

Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба
-

Мицкоски: Јавноста да биде спокојна, нема да примаме мигранти, немало никакви разговори
-

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки
