Русија стави вето на предлог-резолуцијата за употребата на хемиско оружје во Сирија

Русија стави вето на предлог-резолуцијата во Советот за безбедност на Обединетите нации, со што го спречи обновувањето на мандатот на мисијата која ја испитува употребата на хемиско оружје во Сирија.
Истрагата на ОН и на Организацијата за забрана на хемиско оружје - позната како Заеднички истражен механизам - беше едногласно формирана од 15-члениот Совет за безбедност на ОН во 2015 година и обновен во 2016 година за уште една година.
Нејзиниот последен извештај треба да биде презентиран в четврток, а мандатот на мисијата истекува во средината на ноември.
Кина се воздржа при денешното гласање, додека Боливија се приклучи на Русија во гласањето против. Единаесет земји гласаа за текстот на предлог-резолуцијата со која требаше да се продолжи мандатот на ова тело за контрола на хемиското оружје во Сирија за уште една година.
Ново на Сител
-

Предлогот за укинување на техничката влада помина на Собраниска комисија, Филипче со ултиматум до власта
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
-

Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
