Свет
5. May 2024 - 8:44

Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук

Министерството за внатрешни работи на Русија синоќа распиша потерница за командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук.

Министерството вчера распиша потерница и по претседателот на Украина, Володимир Зеленски и поранешниот претседател, Петро Порошенко.

По Пављук е распишана потерница поради „кривично дело“, но не е прецизирано за кое кривично дело, јавија руските медиуми.

На 11 февруари, Пављук беше назначен за командант на копнената армија, а пред тоа беше прв заменик – министер за одбрана на Украина.