Русија префрли борбени авиони во Белорусија во пресрет на воените вежби
Русија префрли непознат број борбени авиони Сухој Су-25СМ во Белорусија, неколку дена пред планираните воени маневри во таа земја, која граничи со Украина.
Авионите се испратени на 7.000 километри од брегот на Јапонското Море до воените аеродроми во регионот Брест во западна Белорусија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, без да наведе точен број.
Москва планира да одржи воени маневри во Белорусија, нејзин близок сојузник, од 10 до 20 февруари.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу посочи дека во вежбите во Белорусија ќе бидат вклучени помалку од 13.000 руски војници, 300 тенкови, 500 оклопни возила и 3.500 падобранци.
Западните сојузници стравуваат дека Русија можеби планира инвазија на украинска територија. Кремљ го негира ова и за возврат го обвинува НАТО дека ги подгрева тензиите во регионот.
Меѓу различните можни опции, според западни разузнавачки извори е и упад на Русија преку украинскиот регион Донбас, кој е под контрола на проруските сепаратисти. Втората е Русија да изврши инвазија од Белорусија, која е блиску до украинскиот главен град Киев.
Земјите од НАТО преместија повеќе бродови, авиони и војници во Балт икот и Источна Европа во последните недели.
Алијансата ја обвини Русија дека распоредила околу 30.000 војници во Белорусија, вклучувајќи авиони, нуклеарни ракети Искандер, системи за противвоздушна одбрана С-400 и специјални единици на воената разузнавачка агенција ГРУ. Со тоа се зголемува бројот од 100.000 руски војници кои веќе се во близина на украинската граница.
Ново на Сител
-
Раст на невработеноста во ЕУ на месечно ниво
-
Извлечени плеј-оф двојките за осминафиналето на ЛШ: Реал против Сити, Баерн игра со Селтик
-
Тошковски: Загинувањето на Фросина не е само несреќа, туку резултат на пропусти во системот
-
„Врските не враќаат човечки живот“, почна протестот на Партизанска за загинатата Фросина | ФОТО
-
„Утеха ни на небо ни на земја, животот уште незапочнат најсвирепо згаснат“, емотивен статус на таткото на Фросина
-
Парното поскапува просечно за 100 денари
-
Свекор полово ја вознемирувал 31-годишната снаа од Косово
-
Маркетите и трговските центри низ Хрватска празни, во тек голем бојкот