Русија повика на дијалог за катарската криза
Русија денеска повика на дијалог меѓу Катар и неговите соседи во Заливот, ветувајќи помош во посредување за решавање на кризата.
- Ги следиме со загриженост информациите за таа ескалација, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средбата во Москва со својот катарски колега Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани
Лавров истакна дека „Русија не е задоволна со ситуацијата во која односите меѓу нашите партнери се влошуваат и ние сме за изнаоѓање решение за проблемот по пат на дијалог“.
Катар бара помош однадвор за решавање на спорот со своите соседи, кои го обвинуваат за финансирање на терористички групи и не се задоволни од неговите врски со движењето „Муслиманско братство“ и спонзорирање на телевизијата „Ал Џазира“.
Шефот на руската дипломатија нагласи дека Москва е „подготвена да направи се што е во нејзина моќ“ за да се реши кризата, нагласувајќи дека е неопходно единство во борбата против тероризмот.
Катар ги осуди тврдењата изнесени против него, а Ал-Тани за време на средбата ги нарече обвинувањата „нелегални“.
Ново на Сител
-
Неексплодирана граната од Првата светска војна пронајдена кај струшкото село Калишта
-
Брнабиќ: Студентите во блокада планираат ултимативен удар на Србија за Видовден
-
За викендот стабилно и посвежо, а потоа затоплување и температури до 38 степени
-
Кривична против три физички и две правни лица за даночни измами, го оштетиле државниот буџет за 9.512.881 денари
-
Кавадарчанец при реновирање во ѕид пронашол 18 парчиња стар експлозив и фитил
-
Контролорите на летање најавуваат штрајк доколку не се поништи огласот за нови вработувања во М-НАВ
-
Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април
-
Приведен 20-годишник од Скопје, возел со 121 километар на час на место каде е дозволено 50