Русија подготвена да нападне туѓи воени бродови кои влегуваат на нејзина територија
Русија ќе биде подготвена да „отвори оган и да нападне“ туѓи бродови за да ги заштити своите граници, предупреди денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков по инцидентот во Црното Море каде плови британскиот воен брод „Дифенред“ во близина на Крим, во водите за кои таа тврди дека се нејзини.
Русија соопшти дека патролен брод и борбен авион испукале предупредувачки истрели во близина на британскиот воен брод „Дифендер“ со цел да го протераат од областа во близина на Севастопол, но Велика Британија ги демантираше таквите тврдења.
Рјабков истакна дека „неповредливоста на руските граници е апсолутен императив“, додавајќи дека ќе ја заштити „со сите средства: дипломатски, политички и, доколку е потребно, воени“.
На прашањето што би направила Русија за да спречи слични упади, Рјабков пред новинарите изјави дека ќе биде подготвена да „отвори оган кон цели“ доколку предупредувањата не бидат доволни.
Ново на Сител
-
И официјално е потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот, велат од ВМРО-ДПМНЕ
-
Проширувањето во фокус на средбата на министрите за европски прашања на членките на ЕУ и на кандидатите за членство
-
Два активни пожара, три ставени под контрола
-
Путин ги пофали „невидените“ врски со Кина на почетокот на разговорите со Си
-
Над илјада загинати по катастрофалниот земјотрес во Авганистан
-
Номинален раст, а реален пад во трговијата со храна, пијалаци и тутун
-
Во Нови Сад шок бомби и нереди на комеморацијата за одбележување 10 месеци од трагедијата на железничката станица
-
Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 37 степени