Русија почнува со изградба на два нови нуклеарни реактора во Унгарија

Рускиот нуклеарен гигант Росатом ќе започне со изградба на два нови нуклеарни реактора во Унгарија во наредните недели, јави Би-Би-Си.
Договорот постигнат меѓу Русија и Унгарија во 2014 година има за цел проширување на постојната нуклеарна централа Пакс. Таа централа моментално произведува 40 отсто од снабдувањето со електрична енергија во Унгарија. „Нека започне изградбата!“ – порача министерот за надворешни работи Петер Сијарто во објава на Фејсбук.
Нуклеарната централа моментално се состои од четири реактори изградени во поранешниот Советски Сојуз. „Ова е голем чекор, важна пресвртница“, додаде Сијарто. „На овој начин ќе ја обезбедиме енергетската безбедност на Унгарија на долг рок и ќе ги заштитиме Унгарците од дивите промени во цените на енергијата.
Тој објасни дека нуклеарните реактори би можеле да бидат подготвени за работа до 2030 година. Контроверзниот проект вреден 12,5 милијарди евра во голема мера е финансиран од Русија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
