-->
-->
Русија: Околу 50 тони хероин се пренесуваат годишно преку Турција во ЕУ
-->

Околу 50 тони хероин годишно се превезуваат преку Турција во земјите од Европската унија, изјави денеска директорот на руската Федерална служба за контрола на наркотиците, Виктор Иванов.
Тој прецизира дека по традиционални маршрути за доставка на наркотици во Европа се транспортираат околу 50 тони хероин (преку Турција во земјите од Балканот и потоа кон ЕУ).
- Освен оваа маршрута, за шверц на дрога има и друга, кој минува преку Ирак и Турција, додаде Иванов.
Авганистан има монопол на светскиот пазар за производство на хероин. Иванов посочи дека дрогата се испраќа до оддалечени пазари како Русија, Кина, Европската унија.
Тој нагласи дека групацијата Исламска држава заработува до 500 милиони долари годишно од шверц на хероин од Авганистан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
