Русија негира дека испратила воена делегација кај талибанците
Министерството за надворешни работи на Русија денеска ја негираше информацијата објавена во дел од авганистанските медиуми дека руска воена делегација наводно ги посетила камповите за обука на талибанците во пакистанскиот регион Северен Вазиристан на границата со Авганистан.
- Руска делегација предводена од заменик шефот на Генералштабот, генерал полковник Истраков имаше уште една рунда консултации со генералштабовите во Равалпинди во Пакистан. Пакистанската страна организираше презентација на развојот на безбедносната ситуација во Исламска Република Пакистан, при што се демонстрирани резултати од антитерористичката операција во Зарб-е-Азб, со која продолжува антитерористичката операција изведена во 2014 година во Северен Вазиристан, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Исто така се посочува дека на „Русите им е пружена прилика да го посетат главниот град на Северен Вазиристан, Мираншах, каде им се покажани делови од градот ослободени од терористите“.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба