Свет
25. April 2018 - 9:21

Русија лансира ракетен бомбардер: Новата верзија на суперсоничен авион носи двапати повеќе бомби

Руската војска планира во август оваа година на небо да го подигне најновиот суперсоничен бомбардер - носач на ракети Ту-22М3М, соопштила Казанската авионска фабрика.

Станува збор за модификација на авиони кои минале низ детален процес на модернизација.

Првата модификација на овој стратешки суперсоничен бомбардер со променлива геометрија на крилата Ту-22М е конструиран во Советскиот Сојуз и во моментов се користи во руското и индиското воздухопловство.

Сериското производство на овој авион почнало во 1971 година, десетина години подоцна на небото се појавила модернизирана верзија Ту-22М3, со продолжен нос и  зголемени агли на крилата до 65 степени, што му овозможувало на авионот поголема максимална брзина.

Брзината на авионот се зголемила на 2.300 километри на час, а домет на 6.900 километри. Зголемена е и носивоства за 100%. Покрај проектили, авионот може да носи и нуклеарно вооружување.

 

.