Русија ја продолжи забраната за увоз на храна од ЕУ и САД
– Рускиот претседател Владимир Путин го продолжи ембаргото за увоз на храна од ЕУ и САД до декември 2022 година, со што Москва возврати на западните санкции против Русија поради анексијата на Крим.
Москва забрани увоз на млечни производи, месо, овошје и зеленчук, и, според декретот издаден вчера, забраната ќе биде продолжена бидејќи Русија мора да ги заштити своите национални интереси.
Путин постојано повторува дека ембаргото ќе ја подобри самодоволноста на Русија, на пример во млечната индустрија, и со тоа ќе ја намали зависноста од увезената стока.
Покрај ЕУ и САД, ембаргото ги опфаќа Австралија, Канада и Украина.
Многу производи од Западот и натаму го наоѓаат својот пат до Русија, и покрај забраната, како што е сирењата од Италија и Франција, што се многу популарни меѓу најбогатите московјани.
ДПА забележува дека Русија досега уништи тони и тони храна за да ги спречи таквите активности на црниот пазар.
Ново на Сител
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Поднесено обвинение за поранешната директорка на прилепската болница и тројца вработени
-

Доброволно ПП друштво против пожарите во Општина Карбинци
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
