Русија ја обвини Украина дека ги гаѓала морските нафтени платформи во близина на Крим
Руските власти денеска ги обвинија украинските сили дека целат кон морските платформи за дупчење во близина на Крим, велејќи дека три лица се ранети, а спасувачките операции се во тек.
„Утрово непријателот ги нападна платформите за дупчење на Черноморнефтегас. Во контакт сум со нашите колеги во Министерството за одбрана и (специјалната служба) ФСБ, се обидуваме да спасиме луѓе“, се огласи преку Телеграм Сергеј Аксинов, гувернер назначен од Москва по анексијата на Крим во 2014 година.
Тој рече дека петмина од 12-те лица се спасени, а тројца се ранети, а потрагата по останатите продолжува со учество на патролни чамци и воздушни средства.
Тој не прецизираше кои инсталации се погодени, но компанијата Черноморнефтегас експлоатира неколку полиња со гас и нафта во Црното и Азовското Море во близина на Крим.
Ова е прв пријавен напад на офшор енергетската инфраструктура на Крим од почетокот на руската офанзива врз Украина на крајот на февруари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
-

Почна изградбата на автопатот од Букојчани до Кичево, ќе биде готов за 4 години
-

СДСМ: Анкетите на Мицкоски го кријат растот на рејтингот на СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Филипче е 3%
-

МВР во акцијата на Интерпол „Тригер Икс“ заплени оружје, муниција, бомби
-

ВРЕДИ: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност
-

Над 350 документи и услуги достапни преку центрите за услуги
