Русија изврши прв постсоветски вежбовен лет преку Северниот пол до САД

Русија за првпат по советскиот период извврши воен вежбовен лет преку Северниот пол до Северна Америка, изјави денеска министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Во говорот пред високите воени команданти, Шојгу рече дека летот е изведен од руски противподморнички авион.
Тој не соопшти кога тоа се случило, но неговата објава е во момент на големи поморски воени вежби кои ги изведуваат САД и Велика Британија во Артичкиот круг во време на зајакната напнатост меѓу Западот и Русија поради труењето на двојниот агент Сергеј Скрипал на тло на Велика Британија.
Воените вежби под име Exerciѕe 18 (ICEX) ги предводи САД, а ги координира Арктичката подморска лабораторија на американската морнарица. Во вежбите учествува една британска нуклеарна подморница и две американски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
