-->
-->
Русија, Иран и Турција ги повика ОН да ја зголеми помошта за Сирија
-->

Во заедничката изјава на Ердоган, Путин и Рохани од тристраната средба во Анкара, се повикува меѓународната заедница и, посебно, ОН да ја зголемат помошта за Сирија, односно да испратат дополнителна хуманитарна помош, да придонесат во активностите за деминирање, обнова на инфраструктурните објекти, вклучувајќи ги и социјалните и економските, и да се зачува историското наследство.
Следната тристрана средба ќе се одржи во Иран, на покана на Рохани.
Во текстот уште се наведува дека трите земји ќе продолжат да соработуваат во борбата против терористичките организации Исламска држава и Ал Каеда, како и групите поврзани со нив.
Претседателите на Турција, Русија и Иран ја потврдија својата решеност да продолжат со активна соработка во Сирија за да постигнат траен режим на прекин на огнот, се вели во заедничката изјава.
Тие уште побараа од сите страни во сирискиот конфликт да се придржуваат кон Резолуцијата 2401 на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот низ целата земја, се вели во изјавата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ново од Трамп: Царините за Кина рекордни 125 отсто, за останатите држави само 10 отсто
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор на САД и експерт за меѓународна економија
-
Осквернавен споменикот на децата бегалци
-
Уште четворица повредени во пожарот во Кочани се враќаат во Македонија
-
Продолжија судењата против Мерко
-
Кина возврати со 84% на американските 104% царини, ЕУ возврати со 25%
-
30 дневен притвор за директорот на Геријатрија