Свет
12. January 2017 - 20:27

Русија и Турција потпишаа меморандум за безбедност на летовите во операциите во Сирија

Руското Министерство за одбрана и Генералштабот на турската војска потпишаа денеска меморандум за спречување на инциденти и обезбедување на безбедност на летовите во текот на операциите во Сирија, јави ТАСС.

Меморандумот е потпишан за време на консултациите на делегациите на вооружените сили на двете земји во Москва, посветени на соработката во борбата против ИД во Сирија.

Документот ги дефинира и механизмите за координација на активностите на воздухопловните сили на Русија и Турција при нанесување на удари врз позиции на терористите, како и активностите на двете страни за спречување на инциденти при летовите на авионите и беспилотните летала во воздушниот простор на Сирија.