Русија и САД официјално објавија крај на важноста на Договорот за ракети од мал и среден дострел
Руското МНР објави крај на важноста на Договорот за ракети со мал и срееден дострел „по иницијативата на САД“.
„На 2 август 2019 година по американска иницијатива истекува валидноста на Договорот за уништување ракети од мал и среден дострел потпишан на 8 септември 1987 година во Вашингтон“, се вели во соопштение од руското МНР.
И САД соопштија дека од денеска формално не важи тој Договор со Русија. Тоа се нагласува во соопштение од државниот секретар Мајк Помпео. Во него се обвинува Русија за прекршувње на пактот договорен по Студената војна.
„Американското повлекување…од Договорот стапува на сила од денеска“, изјави Помпео за време на посета на Бангкок каде е на регионален самит. – Русија е единствено одговорна за пропаѓањето на Договорот, се додава во неговата изјава.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло