Русија ги зајакнува своите позиции на Арктикот
– Русија ги зајакнува своите позиции на Арктикот и на економски и на воен план, се вели во новата руска поморска доктрина што денеска ја потпиша претседателот Владимир Путин по повод Денот на руската морнарица.
Арктикот се трансформира во регион на меѓународен натпревар не само од економски, туку и од воен аспект, според доктрината потпишана од Путин во Санкт Петербург, каде што се одржува парадата за Денот на морнарицата. Како што се додава, имајќи ги предвид овие фактори, Русија ќе ги зајакне своите „водечки позиции во истражувањето и освојувањето на Арктикот“ и неговите наоѓалишта на минерали и ќе обезбеди „стратешка стабилност“ во таа зона преку зајакнување на воениот потенцијал на руската Северна и Пацифичкита флота.
Русија на Арктикот исто така сака целосно да го развие Северната поморска рута, наречена Североисточен премин кој ја поврзува Европа со Азија долж рускиот брег, со намера да ја претвори во „безбедна и конкурентна рута што ќе функционира во текот на целата година“, се наведува во доктрината.
Како што пренесува Бета, во документот од 55 страници се осудува волјата на САД да „доминираат во светските води“ и „приближувањето на воената инфраструктура на НАТО до руските брегови“, оценувајќи дека тоа се „главни закани“ за Русија. Москва го смета НАТО, својот стар непријател за време на Студената војна, за егзистенцијална закана и ја оправдува својата офанзива врз Украина со амбициите на Киев да се приклучи на Алијансата.
Ново на Сител
-
ЕУ внимателно го следи случајот со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана, соопшти портпарол на Еврокомисијата
-
Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст насочен кон преговори за мир во Украина
-
Андоновска: Има висок интензитет на вирусот на грип во овој период, најмногу заболени во Скопје и Струмица
-
Кипарската Влада одобри жените доброволно да служат војска
-
Избран нов претседател на Партија на Власите од Македонија
-
Тензично во албанскиот Парламент, седницата прекината
-
Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град по барање на ОЈО
-
Филипче: Најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб