Русија ги повикува САД на заеднички напади во Сирија
Русија упати предлог до коалицијата предводена од САД, заедно, со руските сили на 25 мај да започнат воздушни напади во Сирија кои би ги имале за цел Нусра фронтот и други бунтовници кои не го почитуваат прекинот на огнот на таа земја.
Оваа изјава ја даде денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кој го изнесе предлогот на Москва со овие напади да бидат опфатени конвои на оружје, вклучувајќи ги и они кои стигнуваат во Сирија од Турција.
Шојгу наведе дека предлогот е направен во координација со сириската влада и дека за него, во јорданскиот главен град Аман, е разговарано со американските воени експерти.
- Русија го задржува правото еднострано да врши удари на оние бунтовници во Сирија кои не го почитуваат примирјето, рече Шојгу на состанокот во министерството.
Ново на Сител
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол