Русија ги отфрли критиките на Меј како неосновани и неодговорни
Руското Министерство за надворешни работи денеска реагираше на критиките кои британската премиерка Тереза Меј ги упати кон Русија за злоупотреба на медиумите за политички цели.
Според портпаролката на руското Министерство, Марија Захарова, британската премиерка дала неодговорна и неоснована изјава.
- Нејзините изјави делуваат цинично имајќи ги предвид британските активности во Ирак и Либија од кои настрадаа милиони лица и се дестабилизираа цели региони, изјави Захарова.
Според неа, Велика Британија се соочува со политички проблеми по одлуката да ја напушти Европската унија и одбрала да се конфронтира со Москва претставувајќи ја Русија како надворешен непријател.
Во своето обраќање вчера, Меј го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека „се обидува информациите да ги претвори во оружје“, дека ги поттикнувал судирите во источна Украина и ја организирал анексијата на Крим, како и за мешање во внатрешните политички прашања на западните земји преку хакирање и објавување на компромитирачки информации
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати